Број на мислења : 53 Join date : 2009-03-29 Age : 32 Местолокација : Штип, у Ново Село, над л'џите
Предмет: Тениски грипови Вто Мај 19, 2009 9:52 am
Тениски грип најлесно може да се преведе како зафат или начин на кој го држиме рекетот. Гриповите коишто постојат се делат на: грипови за форхенд и грипови за бекхенд. ---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- ГРИПОВИ ЗА ФОРХЕНД
Постојат четири вида на грипови за форхенд и тоа:континентален, источен, полузападен и западен. Гриповите се одредуваат со подножјето на показалецот на десната рака(за деснаци, лева за леваци). На сликата е прикажано подножјето на рекетот. На која од дадените бројки ви се наоѓа подножјето на показалецот, играте форхенд со тој грип. ---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- ГРИПОВИ ЗА БЕКХЕНД
Постојат три вида на грипови за бекхенд и тоа:полузападен, источен и континентален. Гриповите се одредуваат исто како и за форхенд гриповите.