После Србинката Ана Ивановиќ и Французинката Амели Морезмо реши да ја заврши годинашнава сезона, иако требаше да настапи на тениските турнири во Линц и Луксембург.
- После моето враќање од САД Опен се обидов да почнам да тренирам, но не успеав да најдам мотив за повторно да се натпреварувам. Не сакам да се форсирам, изјави 20-рангираната тенисерка во светот. Таа се уште не е сигурна дали воопшто ќе се врати на терените, оставајќи време пред да ја донесе конечната одлука.