Американката тенисерка Серена Вилијамс, која од понеделик по четврти пат ќе се искачи на највисокото место на ВТА листата, се појави како од мајка родена на насловната страница на магазинот "Тело" на американската телевизија ЕСПН. На ваков чекор уредниците на ова списание се одлучија со цел да му конкурираат на многу попознатиот магазин Спорт Илустрејтед, каде секое ново издание е збогатено со спортистки и модели кои позираат во костими за капење.
-Уредниците на списанието ме повикаа и ми кажаа дека сакаат моето тело да биде на насловната страница. Бев изненадена од понудата, но сакав да го направам тоа. Фотографиите се одлични и не можам да кажам дека не ми се допаѓаат. Задоволна сум од соработката со првите луѓе на списанието и се надевам дека ќе ја постигнат целта, изјави Серена.
Новиот број на списанието "Тело" веќе е во продажба, а фановите на 28-годишната тенисерка немаат причина да бидат незадоволни , бидејќи внатрешните страници ќе бидат укрсени со повеќе провокативни разголени фотографии на тенисерката.
Фотографијата од насловната страница на списанието предизвикаа големо внимание во јавноста откако потпаролот на ЕСПН, Кристал Хауард ја постави на неговата интернет страница за комуникација Твитер.
Но, Серена не е единствената што ќе ги пополни страниците на ова списание. Извајаното, разголено тело во списанието го покажа и австралиската сурферка Клер Бевилаква, но и мускулестите Двајт Хауард (кошаркар) и Ејдрин Питерсон (рагбист), а во желба за поголемо медиумско присуство се соблекоа и фудбалерите на американскиот клуб Ди Си Јунајтед.