Иако во последно време не игра во посакуваната форма и бележи слаби резултати, шпанскиот матадор е се повеќе посакуван од навивачите, особено од Истокот. Едноставно Кинезите тотално полудеа по Рафаел Надал, кој се претвори во нивни идол. Во негова чест огромен блок во Кина беше украсен со неговите маички со кои локалните навивачи изразија восхитување кон поранешниот тенисер број еден.
Инаку, на последниот турнир во Пекинг, на кој учествуваше, Надал стигна до полуфиналето, каде беше убедливо поразен од Хрватот Марин Чилиќ.