Поранешниот рекет број 1 - американецот Андре Агаси смета дека ерата на Рафаел Надал е завршена.
Тој смета дека дојде времето на новите ѕвезди на тенисот како што се Енди Мари, Хуан Мартин Дел Потро како и Новак Ѓоковиќ.
"Кога имаш таква сериозна повреда на коленото како Надал е многу тешко да се игра на високо ниво. Не треба уште да се отпишува Рожер Федерер, тој сеуште има шанси да направи некој добри резултати" изјави Агаси.
Американецот не пропушти да додаде дека тие добри резултати на Федерер ќе исчезнат со текот на годините.