TK Astibo
Ве молиме регистрирајте се!!!
TK Astibo
Ве молиме регистрирајте се!!!
TK Astibo
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.


Dobredojtovte na oficijalniot forum na Teniski Klub Astibo.
 
HomeLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Федерер и Надал во битка за првото место

Go down 
2 posters
АвторПорака
tomi12

tomi12


Број на мислења : 21
Join date : 2009-04-03
Age : 27
Местолокација : stip

Федерер и Надал во битка за првото место Empty
ПишувањеПредмет: Федерер и Надал во битка за првото место   Федерер и Надал во битка за првото место Icon_minitimeСаб Ное 21, 2009 10:05 pm

Рожер Федерер и Рафаел Надал ќе се качат на речниот брод до Финалето на Светската турнеја на АТП со една главна цел - првото место на АТП листата. По сезона која почна со солзите на Федерер на Австралискиот Опен и доминацијата на Шпанецот Надал, машкиот тенис сврте цел круг и швајцарскиот Маестро повторно е на врвот.

О2 Арената на реката Темза е подготвена да ги пречека најдобрите 8 тенисери на светот, а организаторите се презадоволни од тоа како се одвива сценариото. Федерер, кој го комплетираше гренд слемот во кариерата со победа на Францускиот опен, пред да стигне и до шестата титула на Вимблдон да го помине рекордот на Пит Сампрас од 14 гренд слем титули е фаворит да го задржи првото место. Но, по ждрепката во средата, постои можност за пресврт во последен момент.

Федерер, која четирикратен шампион, ќе игра со британскиот број 1, Енди Мареј, од кого има загубено шестпати во девет дуели, со Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро, од кого загуби во финалето на УС Опен и со опасниот Шпанец Фернандо Вердаско. Надал, кој заостанува со 945 поени зад Федерер, но може да добие 1.500 поени ако си замине од Лондон без пораз, ќе игра со Србинот Новак Ѓоковиќ, кој е во топ-форма, со Русинот Николај Давиденко, но и со Швеѓанецот Робин Содерлинг, кој го прекина неговиот сон за пет титули едноподруго на Ролан Гарос.

На хартија Надал има полесна задача, но самиот Шпанец не изгледаше во најдобра форма последните недели. Тој загуби катастрофално од Ѓоковиќ во 1/4 финалето на Мастерсот во Париз откако во претходното коло спаси 5 меч топки против Николас Алмагро. Но, изненадувачкиот пораз на Федерер од Жулиен Бенето ја остави трката за првото место неизвесна, но шампионот од Австралискиот Опен, Надал најверојатно, ќе мора да го освои турнирот доколку Федерер не падне во натпреварите по групи.



АТП ФИНАЛЕ, ЛОНДОН

ГРУПА А

(1) Рожер Федерер (Шва)

(4) Енди Мареј (Бри)

(5) Хуан Мартин Дел Потро (Арг)

(7) Фернандо Вердаско (Шпа)

ГРУПА Б

(2) Рафаел Надал (Шпа)

(3) Новак Ѓоковиќ (Срб)

(6) Николај Давиденко (Рус)

(Cool Робин Содерлинг (Шве)



ФАКТИ ПРЕД ФИНАЛЕТО НА СВЕТСКАТА ТУРНЕЈА

- Лондон е 15. град кој ќе биде домаќин на завршниот тениски шампионат, кој стартуваше во Токио во 1970 година. Стен Смит ја освои титулата првата година.

- Седум од осумте тенисери ова година се квалификуваат втора година едноподруго. Единствениот тенисер кој не се враќа е Французинот Жо-Вилфрид Цонга и на негово место тука е Шпанецот Фернандо Вердаско.

- Најдобрите тенисери на индорс подлога оваа година се Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, двајцата со 13-1 скор и со две титули на оваа подлога.

- Ѓоковиќ се обидува да стане третиот тенисер кој освоил две титули едноподруго оваа декада, по Лејтон Хјуит (2001/02) и Рожер Федерер (2003/04 и 2006/07).

- Федерер може да го израмни рекордот на турнирот со пет титули кој сега го држат Иван Лендл (1981-82, 1985-87) и Пит Сампрас (1991, 1994, 1996-97, 1999).

- Надал е на една победа од својата 400. победа во кариерата. Тој има 399-88 скор во кариерата и би станал деветти активен тенисер со најмалку 400 победи. Тој би бил и првиот кој стигнал до таа бројка во помалку од 500 меча.

- Надал и Вердаско се левучари. Последен левучар кој го освоил шампионатот беше Џон Мекинро во Њујорк во 1984 година.

- 28-годишниот Николај Давиденко е најстариот тенисер на турнирот (два месеци постар од Федерер), додека Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро со 21 година е најмладиот на турнирот".

- Топ 8 тенисерите оваа година освоија 29 титули. Мареј (6), Надал (5), Ѓоковиќ (5), Федерер (4), Давиденко (4), Дел Потро (3), Родик (1) и Вердаско (1).
Вратете се на почетокот Go down
Veri

Veri


Број на мислења : 40
Join date : 2009-04-05
Age : 27
Местолокација : stip,makedonija

Федерер и Надал во битка за првото место Empty
ПишувањеПредмет: Re: Федерер и Надал во битка за првото место   Федерер и Надал во битка за првото место Icon_minitimeНед Ное 22, 2009 3:36 pm

neeeeee!!! Roger mora da ostane na 1 mestoo!!!!!!!! Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
 
Федерер и Надал во битка за првото место
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Ерата на Надал заврши
» Кинезите тотално полудеа по Надал

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
TK Astibo :: Новости :: Светски новости-
Отиди до: